| четврток, 6 декември 2018 |

Србија смрзна на -16 во Исланд

Исланд ја декласираше Србија со неверојатни 16 гола разлика, 38-22 во дербито од четвртата квалификациска група за пласман на Европското првенство во Полска следната година. Домаќините доминираа во текот на целиот меч, а вистински дебакл за „орлите“ се наѕираше и по првото полувреме, кога гостите губеа со 10-16.

Исланѓаните го засили темпото во второто полувреме што на крајот им донесе убедлива победа. Незадржлив беше Валур Сигурдсон со 12 гола.

srbija

Во дербито на непоразените од седмата група, Германија на домашен терен ја победи Шпанија со 29-28.

Останати резултати: Финска – Австрија 23-26, Турција – Холандија 23-30, Летонија – Словачка 25-18, Норвешка – Хрватска 27-26, Шведска – Словенија 28-24, Швајцарија – Чешка 26-30.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top