Реклама на компанијата Protein World од Лондон предизвика бурни реакции кај жените откако беше поставена во подземна железница.
Дали телото ви е подготвено за на плажа?
Ова е слоганот на компанијата, а жените сметаат дека тоа е навредливо и дискриминирачко.
На страницата Change.org е покрената петиција против рекламата на која се гледа жена облечена во костим за пливање, која стои покрај колекција препарати за слабеење.
Група активисти од Лондон сними своја порака како одговор до компанијата.
Погледнете ја нивната креативна порака која ги застапува сите жени кои немаат „совршено“ тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.