| четврток, 6 декември 2018 |

Добила отказ по првиот работен ден поради статус на Фејсбук

Кејтлин, 27-годишна самохрана мајка, доби работа во градинка, а по првиот работен ден споделила статус на Фејсбук  споделила  дека работата не и се допаѓа.

kejtlin-540x320

– Денеска почнав на нова работа, но не сакам да работам во градинка, напиша Кејтлин на Фејсбук. Сепак, за нејзина несреќа, постот привлече многу внимание, така што наредниот ден добила отказ.

– Тоа беше голема грешка, не ги мразам децата, имам ќерка и ја сакам. Вакви работи повеќе нема да пишувам на Фејбук, без оглед како се чуствувам, изјави Кејтлин.

Подоцна повторно напишала на Фејсбук, но спротивно од првиот пост.

– Направив огромна грешка, многу сум тажна. Се чувствувам лошо додека ја гледам својата ќерка како плаче затоа што сум уплашена дека нема да можам најдам друга работа заради мојата глупост, наведе Кејтлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top