| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Му благодарам на Пандев за храброста

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, му се заблагодари на македонскиот фудбалски капитен Горан Пандев за храброста во неговата изјава околу неправилностите при изборот на најдобар тренер на годината.
-Му се заблагодарувам на Пандев, кој беше еден од тие што ми се јавија да ми соопштат дека нешто чудно се случува при изборот. Тој покажа храброст јавно да говори за малверзациите, додека другите сакаа да останат анонимни. Потегот на Пандев не беше нималку лесен и тоа е за поздравување – изјави Мурињо.

murinho
За најдобар тренер на 2012 година е прогласен Висенте дел Боске (Шпанија) победувајќи ги Мурињо (Португалија) и шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола.
Македонскиот фудбалер пред неколку дена изјави дека неговиот глас даден за Мурињо бил регистриран на контото на Дел Боске.
Мурињо не присустуваше на доделувањето на наградите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top