| четврток, 6 декември 2018 |

Од еден удар три тешки повреди на Левандовски

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски имаше неверојатна несреќа и од еден удар по судирот со голманот на Борусија Дортмунд, Мичел Лангерак, заработи три тешки повреди. Против своите, односно со голманот што до неодамна му беше соиграч во Борусија, Левандовски ги скрши вилицата и носот, а има и потрес на мозокот.

И тоа се случува во период кога полскиот репрезентативец игра во врвна форма, впрочем го постигна единствениот гол за Баерн Минхен во вчерашното полуфинале со Борусија, но веројатно ќе мора да го пропушти уште поважното полуфинале, тоа во ЛШ против Барселона. Двомечот ќе се игра на 6 и на 12 мај.

robi

Баерн покрај елиминацијата од Борусија и тешките повреди на Левандовски, вчера доживеа уште еден шок. Само што се врати на фудбалските терени и одигра 16 минути против „милионерите“ повторно се повреди Арјен Робен. Тој веројатно нема да биде в форма за двомечот со Барселона.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top