| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте династии кои владеат со светот

Иако парите создаваат моќ, само еден површен поглед кон овие десет најмоќни семејства на светот сведочи дека критериумите за избор не се секогаш клучни кога станува збор за глобалните случувања. Токму нивните интереси биле тригери кои го менувале текот на историјата. Притоа, би требало да се напомене дека редоследот на набројување на најмоќните, всушност не претставува ранг-листа.

Ротшилд

605948_porodice01-rotsild-foto-wikipedia-ap_f

Веројатно и самите знаете дека светската цена на златото се одредува секојдневно. Токму семејството кое ја диктира таа цена е Ротшилд. Освен што поседуваат сопствен рударски гигант Rio Tinto, тука се и Glencore и RIT Capital Partners како водечки инвестициски фондови во светот.

Ова семејство од Хесе-Касел, покрај Франкфурт, успеа да го формира првиот голем меѓународен банкарски бизнис кој го наследија петте синови на Мајер Амшел Ротшилд.

Богатството на Ротшилд за прв пат се споменува во 18-тиот век, а нивното влијание значајно се зголемува кога ја финансирале британската војна против Наполеон. Потомци од ова семејство можат да се пронајдат во благородништвото на Велика Британија (на барање на Кралицата Викторија) и Австрија (каде ја носат наследната титула на баронот на Хабсбуршката монархија). Во текот на 19-тиот век, во својот врв, семејството Ротшилд поседувало далеку најголемо богатство во модерната светска историја.

Семејното богатство подоцна “опаднало”, бидејќи било поделено помеѓу стотина наследници. Денес компаниите на семејството Ротшилд опфаќаат значајно помал опсег отколку што тоа било во 19-тиот век. Иако сè уште опфаќаат широк спектар од различни подрачја, вклучувајќи тука финансии, рударство, енергетика, мешовито производство, лозарство и производство на вино и добротворни организации. Со добротворните организации и добротворната работа, на ова семејство им се препишува и највисоката позиција во светската хиерархија на илуминатите.

Руперт

605949_porodice02-rupert-foto-archivedpublicwebsite-up-ac-za_f

Започнале како мала компанија од Стеленбош во Јужноафриканската Република, која произведувала цигари. Но, со паметни вложувања тие креирале корпоративно царство вредно милијарди долари. Малата фабрика за цигари прераснала во Rothmans, а тој пак во втор најголем производител на цигари на светот – British American Tobacco. Луксузните брендови Cartier, Montblanc, Piaget, Baume & Mercier, Vacheron Constantin и Dunhill се исто така дел од конгломератот Ричмонд, во сопствеништво на семејството Руперт.

Тие ја контролираат и инвестициската група Remgro и производството на вина и бренди (80 отсто од светското производство) каде се партнери и со семејството Ротшилд. Семејството Руперт е сопственик и на ланец приватни болници Mediclinic International.

Астор

605950_porodice03-astor-foto-wikipedia-alan-light_f

Ако некогаш сте се запрашале зошто толку улици, хотели и населби во Њујорк се викаат токму Астор или Асторија, тоа е според семејството Астор кои биле помеѓу првите големопоседници во Њујорк, каде освен хотели и стамбени објекти и мноштво згради, тие изградиле и голема книжарница.

Започнале со трговија на крзно во 18-тиот век но многу брзо започнале и со инвестиции. Многу брзо ја преминале и големата бара, па денес голем дел од членовите на ова семејство се британски артистократи.

Џон Џејкоб Астор е роден во Валдорф (оттука и Валдорф-Асторија) како син на месар. Тој е првиот истакнат член на семејството Астор и првиот мулти-милионер во САД. Тој заминал во САД после Американската војна за независност и изградил цело царство со трговија на крзно кое се протегало до Големите езера во Канада, а подоцна се проширило и на американскиот запад и пацифичкото крајбрежје.

Тој бил вклучен и во криумчарење со опиум. Во раниот 19-ти век се пренасочил кон трговија со недвижнини во Њујорк, а подоцна станал познат мецена.

Капет

605951_porodice04-kapeta-foto-reuters_f

Ова семејство е најголемата и најстарата кралска куќа. Les Capétiens ги нарекле Французите, The House of Capet пак Англичаните. Тие владееле со голем дел од европскиот континент, иако се француска кралска династија, и тоа една од најстарите и најразгранетите европски владетелски семејства.

Континуирано владееле од 987-мата до 1328-мата година, а потоа со различни надворешни машки линии, со прекини, од 1328-мата до 1848-мата година. Од потомците на династијата Капет денес се на власт токму шпанскиот крал и луксембуршкиот војвода.

Порше

605952_porodice05-porse-foto-wikipedia-german-federal-archives-ap_f

Porsche е секако еден од соништата на љубителите на спортските автомобили, додека Volkswagen, кој е популарен како автомобил помеѓу широките народни маси кои го ценат квалитетот кој е достапен по присојни цени, е сестринска компанија на Porsche.

Сегашниот шеф на Porsche е човек под името Фердинанд Пих, внук на креаторот на овие супер-автомобили. Неговата сопруга, од друга страна пак, го контролира Volkswagen. Оваа мултинационална компанија е всушност под контрола на само едно семејство.

Рокфелер

605953_porodice06-rokfeler-foto-wikipedia-martin-stamant-puck_f

Династијата Рокфелер е банкарско благородничко семејство втемелено од Џон Д. Рокфелер (1839-1937) и неговиот брат Вилијам Рокфелер (1841-1922). И тие се по потекло од Германија. Тие се едни од најголемите светски приватни претприемачи во нафтениот бизнис во текот на доцниот 19-ти и почетокот на 20-тиот век, главно со компанијата Standard Oil Company.

Тие се една од најмоќните групи во САД и добро се интегрирани и во светскиот банкарски сектор. Нивниот предок, Јохан Петер Рокфелер, се преселил во Северна Америка во 1723-тата година од Германија.

Семејството било вклучено и во многу граѓански проекти во САД, во текот на 20-тиот век. Главни помеѓу нив се – Светскиот трговски центар, Рокфелер Центар, Линколн Центар, One Chase Manhattan Plaza, MoMA и други.

Нивната контрола врз целокупната индустрија била толку многу голема што Антитраст законот е изграден токму поради нив, како би се “скршил” нивниот бизнис, затоа што тие поседувале монопол во речиси целокупната трговија. До сега, нивното влијание може да се почувствува низ компанијата JPMorgan Chase. Исто така, за нив се зборува и дека се илуминати.

Тие се основачи на таканаречената Билдербершка група (Билдербершка конференција или Клуб Билдерберг). Тоа е годишен собир од затворен тип со околу 200 гости, од кои поголемиот дел претставуваат влијателни личности од подрачјето на претприемаштвото, медиумите и политиката. Една од најмоќните политички, медиумски и економски групи се состанува на различни локации еднаш годишно и води расправи за иднината на светот. Некои ја обвинуваат групата дека потајно владее и управува со светот преку ЕУ, Г8, ВТО и Светскиот економски форум.

Членовите на групата се претседатели на држави, министри, сопственици на корпорации, банкари, индустријалци, претставници на медиумски картели.

Опенхајмер

605954_porodice07-openhajmer-foto-ap_f

Опенхајмер од Јужноафриканската Република контролираат значаен удел од сите минерални бигатства во светот. Сопственици се на De Beers и Anglo American за снабдување со дијаманти, злато и платина. Ники Опенхајмер и неговото семејство го контролираат и Tswalu – огромно пронаоѓалиште на дијаманти во пустината Калахари.

Наводно филмот “Blood Diamond” е инспириран од поединечни секвенци од неговиот живот.

Џеновезе

605955_porodice08-djenoveze-foto-wikipedia_f

Се сеќавате ли на семејството Корлеоне од Њујорк од епската трилогија на Франсис Форд Копола, “Кум”? Инспирација за нив било најмоќното од сите мафијашки семејства на сите времиња – Џеновезе. Името го добиле по Вито Џеновезе кој било “cappo di tutti cappi” во 60-тите и 70-тите. Винсент, кого го нарекувале уште и Гиганте, го наследил Вито и успешно го интегрирал семејството во најпрофитабилните легални бизниси и врвната политика. Во 2005-тата година Гиганте починал и од тогаш нивната моќ е во стагнација.

Инаку, семејството Џеновезе е основано од страна на Лаки Лучано кон почетокот на 20-тиот век, проширувајќи ја контролата над организираниот криминал од Њујорк до Чикаго. Багси Сигел е прв кој отворил казино во Лас Вегас и тоа откако добил зелено светло од семејството Џеновезе.

МекМахон

605956_porodice09-mekmahon-foto-ap_f

Семејството МекМахон започнало да акумулира капитал организирајќи забави во рамките на спортот. Тие знаеле како буквално од сè да направат добро шоу, па дури и самите не се двоумеле за да застанат пред камерите – дури и кога знаеле дека ќе предизвикаат навредувачки исмевања.

Винс Јуниор својата кариера ја започнал како презентер на телевизија. После тоа ја преземал работата од својот татко (спортско менаџерство) а семејната компанија израснала во World Wrestling Entertainment (WWE).

Мекмахон организирал бокс мечеви (Мохамед Али), а со текот на времето прераснале во најзначајна светска компанија за промоција на професионални спортови каде циркулира енормен капитал. Нивната инвестициска група, WWE, толку многу пораснала, што буквално ги “изела” сите сериозни конкуренти.

ТАТА

605957_porodice10-tata-foto-reuters_f

Ова семејство е најголем приватен работодавец во втората најгусто населена земја на светот – Индија. Потекнуваат од државата Барода (денес Гујарат) а финансиската експанзија на семејството започнува со Џемсетји Тата.

Него го нарекуваат уште и “татко на индиската индустрија”. Нивното влијание достигнува до недвижнините, производството, градежништвото, автомобилите и текстилот.

Тие се сопственици на енергетски објекти и авионски компании. А сето тоа започнало со само неколку мелници за памук во кои семејството го вложило сиот свој капита.

Извор: Новости.рс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top