Балканските, како и многу држави во светот, денес се соочуваат со зголемен ризик, поради актуелизацијата на т.н. феномен – странски борци. Сложеноста и специфичноста на овој феномен, којшто ги поттикнува луѓето од регионот да се приклучат на терористчките и екстремни паравоени формации, ја наметнува потребата за негово откривање, преземање соодветни превентивни активности и следствено на тоа – навремено следење на заканите од тероризам.Тоа го истакнала министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќање на конференцијата посветена на феноменот на странските терористички борци на тема „Превенција на радикализмот и борба против тероризмот на Балканскиот регион“ што се одржува денеска во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На конференцијата, што ја организира српското Министерство за внатрешни работи и Амбасадата на САД во Србија, учествуваат министри за внатрешни работи на државите од Балканот.
Јанкулоска информирала дека согласно оперативните информации, од летото 2012 година е регистрирано учество и на 100-ина македонски државјани на боиштата во Сирија и во Ирак, од кои досега 15 и загинаа. Укажала дека најмногу загрижува опасноста џихадистите по нивното враќање да бидат инволвирани во терористички активности во своите земји, во земјите на транзит или во трети земји и посочила дека загрижува и фактот што овие лица се инволвираат и во процесите на индоктринација, радикализација, регрутирање и испраќање нови борци.
– Соочени со овие безбедносни ризици, земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија постојано ги надградуваат своите нормативни и институционални капацитети и преземаат неопходни мерки за поголема контрола на границите, идентификација на потенцијални терористи и прекин на нивното финансирање – нагласича Јанкулоска.
Презентирала низа институционални активности преземени во насока на превенција на ваквиот феномен, како новите нормативни измени во Кривичниот закон согласно резолуциите на ОН, како и подготвеноста на македонското МВР за потесна и поинтензивна регионална соработка за сузбивање на овој нов феномен во борбата против тероризмот.
Според МВР, попладне на маргините на конференцијата министерката Јанкулоска треба да има билатерални средби со својот српски колега Ненад Стефановиќ, како и со заменикот министер за внатрешни работи на Бугарија Филип Гунев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица