| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден исчезнатиот американски воен авион

Воено-транспортен авион „боинг КЦ-135“ на американските воздухопловни сили, за кој светските медиуми објавија дека исчезнал од радарот над Ла Манш, безбедно слетал во британската воена база.

Авионот полетал од францускиот град Амиен, и исчезнал над Ла Манш, а пред да исчезне во 00.20 ч дал сигнал за вонредна состојба во текот на летот, а веќе во 01.20 ч слетал во воената база на британската војска „РАФ Mилденхол“ во близина на истоимениот град во покраината Сафок.

Да потсетиме, американскиот авион исчезна над Ла Манш само 15 минути по полетувањето од Амиен на северот на Франција.

Радарот последен пат го фатил помеѓу Довер и Кале.

Инаку, овој тип авиони се користат за надополнување на други авиони со гориво во воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top