Американскиот претседател Барак Обама ги осуди немирите во Балтимор изјавувајќи дека нема оправдание за насилството, но призна дека одамна постои криза во одржувањето на јавниот ред и мир, особено кога станува збор за третманот кон Афроамериканците.
– Видовме премногу примери на интеракција меѓу полицајците и поединците, пред сѐ Афроамериканци, најчесто сиромашни, на начин кој отвара загрижувачки прашања – рече Обама пред новинарите во Белата куќа.
Ова тој го изјави еден ден откако во Балтимор избија жестоки улични судири по погребувањето на Афроамериканецот Фреди Греј (25), кој почина во полициски притвор, што предизвика бран протести поради поставувањето на полицијата.
Обама укажа дека совеста треба да си ја преиспитаат и некои полицајци и некои заедници, како и целата земја.
– Станува збор за криза, која полека се развива и која трае веќе подолго време. Тоа не е ништо ново и не би требало да се претвораме дека е – истакна американскиот претседател.
Тој додаде дека земјата сака да го реши проблемот, мора да инвестира не само во обуката на полицајците, туку и во образованието и во реформите на кривичното правосудство.
Жителите на Балтимор денеска спроведоа акција за чистење по синоќешните немири и палења на 15 згради и 144 возила, како израз на револт порад смртта на Афроамериканецот, кој почина од повреди на ‘рбетниот столб во полициски притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.