Авион на американското воено воздухопловство исчезнал синоќа од радарите над Ла Манш, а претставниците на американските вооружени сили засега одбиваат да го коментираат исчезнувањето.
Како што јавуваат западните медиуми, „боинг KC-135Р стратотенк“, специјализиран „летачки танкер“, чијашто мисија е полнење други авиони со гориво без слетување, летнал од северниот дел на Франција пет минути по полноќ, а последен пат е забележан на цивилните радари меѓу Довер и Кале 15 минути подоцна. Британски „Дејли експрес“ тврди дека се појавил некој проблем на авионот за време на летот.
Авионите KC-135 се воени верзии на „боинг 707“ и се во употреба од 1950 година, а се проценува дека можат да останат активни во службата до 2040 година. Последната несреќа на овој модел се случила пред две години, кога сите три члена на екипажот загинале по падот во Киргистан. Истрагата покажала дека причината за падот била дефект на системот за управување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст