Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, кои малку подоцна ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието на моменти ќе засилува по интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, иако во раните утрински часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
До недела ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено в четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.