Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддршка на Здравствениот дом и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почна со серија обуки за патронажни сестри на тема „Рана детекција и рана интервенција на деца со развојни тешкотии и поддршка на нивните семејства“.
Првата регионална обука годинава се одржа во Куманово и на неа учествуваат околу 25 патронажни сестри од овој град и од околните градови.
Со оваа иницијатива, патронажните сестри ќе бидат подобро подготвени за да го следат општиот развој на новороденчињата и на малите деца, да ги препознаат знаците на развојни потешкотии и да обезбедат поддршка на родителите и семејствата.
– Родителите досега преферираа да си ги спакуваат проблемите, заедно со нивните деца и многу малку отворено разговараа на оваа тема, не барајќи стручна помош. Преку оваа едукација целта е да се разбие таа стигма, да се отворат кон општеството, кон средината и да се почувстуваат еднакви со останатите – изјави Павлинка Досева, патронажна сестра и едукатор.
Проектот започна минатата година кога биле спроведени регионални обуки и обучени 20 едукатори, пред се медицински сестри, кои се вклучени во патронажните служби во државата под водство на професори од Универзитетот Улстер од Северна Ирска. Согласно, проектот овие едукатори треба да обучуват околу 320 патронажни сестри. Вкупно досега се обучени 120 сестри. Обуката се спроведува низ каскаден модел.
– Првата регионална работилница е во Куманово и се предвидува дека сите патронажни сестри ќе бидат обучени во текот на една година – изјави Љиљана Ивановска, едукаторката од Куманово и специјалист по семејна и патронажна здравствена нега.
Во обуката се вклучени и родители на деца со попреченост, односно од невладините организации „Центар за Даунов синдром“, „Порака-наша “ и „Раст“ за да им предочат на патронажните сестри на многуте предизвици и потреби со кои се соочуваат. Предвидено е практичниот дел од работилницата за кумановскиот регион да се оддржи за две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст