Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 21.104 денари и бележи зголемување од 0,8 отсто во однос на претходниот месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Други услужни дејности за 8,6 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 отсто и Образование за 4 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 8,8отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8,3 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата по вработен во феврујари 2015 година изнесува 31.126 денари и е за 1,5 отсто повисока од претходниот месец.
Во февруари 2015 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.