Најдобриот македонски ракометар и капитен на репрезентацијата Кирил Лазаров и агенцијата „КМГ спорт“ го промовираа првиот ракометен „Камп Лазаров“, кој ќе се одржи од 22 до 28 јуни во Охрид. На кампот можат да се пријават момчиња и девојчиња на возраст меѓу 10 и 17 години, преку пополнување на онлајн-формулар, на означените места во „Скопје Сити Мол“ или во просториите на агенцијата КМГ Спорт на ул. „50-та Дивизија“ 24 А Скопје. На кампот може да се пријават и деца кои досега не тренирале ракомет. Првичниот план бил бројот на учесници да изнесува 120, но поради големиот интерес може да се прошири до максимум 150.
Ова е прв ваков настан кој се организира во Македонија.
– Се обидуваме сите заедно со овој проект да инвестираме во младината, во Македонија. Идејата веќе подолго време ја имам во глава и беше прашање само на денот кога ќе се реализира. Секогаш кога правам нешто сакам да бидам максимално посветен, сакам да го направиме на едно високо ниво, а потоа така да продолжиме и во наредните години. Досега од сите мои инвестиции во минатото ова е можеби мојата најдобра инвестиција, во малдите и во Македонија. Сегашните услови за оваа младина се многу подобри отколку тие што сме ги имале ние како деца. Затоа тие мои напори ќе ги насочам кон младите, организирајќи го овој камп заедно со агенцијата КМГ – изјави Лазаров.
На кампот ќе присустуваат и двајца специјални гости, ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров и селекторот на српската репрезентација, Дејан Периќ.
– Сите знаеме што значи името на Кирил Лазаров во ракометот. Кире постави големи стандарди кои се обидуваме да ги следиме. Првиот ракометен камп ќе се одржи во хотел „Аквалина“, хотел од висока категорија со придружни објекти кои ќе овозможат квалитетна работа – рече Горан Ѓоргоноски од „КМГ“.
На денешната прес-конференција покрај официјалното претставување на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ беше потпишан и официјалниот договор меѓу организаторот, заштитното лице на оваа агеницја Кирил Лазаров и академик Жан Митрев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст