| четврток, 6 декември 2018 |

Припадници на кинеската армија ќе учествуваат на воената парада во Москва

Припадници на кинеската Народно ослободителна армија за првпат ќе учествуваат на воената парада во Москва по повод Денот на победата над вашизмот, рече кинескиот амбасадор во Русија Ли Хуи.

-Тоа ќе биде првпат Кина да испраќа контингент војници на парадата на Црвениот плоштад, изјави амабсадорот за агенцијата Ксинхуа.

Кинеската амбасада соопшти дека 110 припадници на кинеската почесна гарда веќе се пристигнати во Москва на подготовки за парадата.

Првата таква задача почесната гарда на кинеската армија ја имаше во 2010 година кога се приклучи на маршот во Мексико по повод 200- годишнината од независноста на оваа земја. Вторпат припадниците на почесната гарда имаа настап на парадата во Венецуела во 2011година.

Лидерите Кина и Русија ќе учествуваат на прославите во двете земји по повод 70-годинината од победата над фашизмот во Втората светска војна, најави кинеското Министарство за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top