| четврток, 6 декември 2018 |

Европа не ги слушаше предупредувањата на Гадафи

10 boat migrants dead, 941 saved in Italian sea rescue operations

– Европа ќе стане црна ако јас паднам. Милиони луѓе преку Либија ќе сакаат да влезат во Европа – во 2010 година рече полковникот Муамер ел Гадафи во Рим.

По една година либискиот лидер ѕверски беше убиен во текот на арапската пролет: Потоа северноафриканската земја падна во безвластие, а денес ја стекна неславната титула на основна отскочна даска на имигрантите за Европа.

Од правецот на Либија од јануари до септември 2014 година во Италија стигнаа над 134.000 илегални имигранти, шест пати повеќе од 2013 година и два пати повеќе од текот на сезоната на арапската пролет во 2011 година – наведе Фондацијата Роберт Шуман, водечки француски истражувачки институт за Европа.

Можеби не е ни чудо што пет години по Гадафиевото пророштво министерството за внатрешни работи во Рим денес проценува дека над 200.000 несреќници до крајот на годината од Либија преку Средоземјето ќе тргнат кон Италија.

Истовремено, италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти инсистира ЕУ да покрене воена интервенција против шверцерите на луѓе на либискиот брег, додека самонаречената влада во Триполи се заканува на Брисел дека ќе возврати на секој вооружен обид на фамилијата, ако во територијалните води на северноафриканската држава пресретнува криумчари или ги уништува нивните бродови.

Најголемата имигрантска трагедија на Медитеранот – минатата недела кога над 800 луѓе жени и деца се удавија во сударот на стариот брод со кој тргнале кон Европа и португалскиот трговски брод Кугуар – што го натера Брисел по тој повод да закаже вонреден самит на лидерите на ЕУ.

Европската неодлучност што да се прави со долгогодишната наезда на несакани имигранти, кои бегаат од кризните региони на Африка и Азија е добро позната.

Италијанската поморска спасителна мисија Маре нострум е прекината минатиот ноември, откако остатокот од ЕУ одбија да ја суфинансираат операцијата, верувајќи дека силната акција само би поттикнала лавина несреќници кои ќе бараат спас во Европа. Неуспешната, набрзина подготвената мисија на ЕУ, Тритон од бриселската каса доби една третина пари помалку од што Рим издвојуваше за Маре нострум и беше сериозно стеснет просторот за делување (30 милји италијански територијални води). ЕУ по трагедијата на 120 километри од Лампедуза, сега најавува скапа спасителна мисија на централниот Медитеран и низа други мерки.

Во меѓувреме, глобалниот поморски бизнис е загрижен од развојот на приликите на централниот Медитеран, пренесе британскиот магазин Лојдс лист. Имено, централен Медитеран (Либија, Италија, Малта, Тунис) денес е главна патека на прилив на илегални имигранти кон Европа, на која екипажите на трговските бродови се почесто се наоѓаат во тешка улога на спасители на недокументирани лица на стари и дотраени бродови.

Над 40.000 мигранти кои лани се нашле во неволја во водите на централниот Медитеран биле спасени од екипажи на цивилни бродови од сите четири страни на светот. Не изненадува што здружението на германските сопственици на товарни бродови пред самитот на европските лидери испрати апел до Брисел да преземе одлучни чекори на обезбедување на една од најпрометните комерцијални поморски рути на западниот свет – наведе весникот Лојдс лист.

По повод бегалската криза на Медитеранот, ЕУ овие денови е изложена на јавен притисок од ОН, меѓународните хуманитарни организации, деловни здруженија и други, да излезе со акционен план со кој ќе се спречуваат поморски трагедии.

Колку и да делува рамнодушно, себично или несложно, Европа по овој повод се чини неправедно апострофирана.

Ако е точна оценката на Комесаријатот за бегалци на ОН дека живееме во ера на незапамтени селидби на имигранти, дали рецептот за решавање на кризата на Медитеранот треба Европа сама да го осмисли?

Меѓу давениците минатата година кај Либија и Лампедуза најмногу имало бегалци од Еритреја, Сирија, Сомалија, Сиера Леоне, Мали, Сенегал, Гамбија, Брегот на слоновата коска и Етиопија. Во меѓувреме од Јемен патот на ртот на Африка и границата на Сомалија и Судан се движат голем број на луѓе од вкупно 250.000 странски бегалци кои таму се наоѓаат.

Од тука и прашањето: кога најновата глобална бегалска криза, не само оваа на Медитеранот, туку и на американско-мексиканската граница, ртот на Африка, Бенгалскиот Залив… ќе стигне на дневен ред во Обединетите нации?

Извор: Политика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top