Не може да се направи паралела помеѓу студентските протести во 1997 година и денешните, бидејќи тогаш се протестирало за унитарноста на македонскиот јазик, додека денешните средношколци се бунат за да не учат математика, вели сегашниот директор на Државен архив, Филип Петровски, во интервју за Телеграф.
Петровски, кој и самиот учествуваше на протестите во 1997 година, вели дека денеска средношколците протестираат за да не учат.
– Ние во 1997 протестиравме за унитарноста на македонскиот јазик и предупредивме што ја чека државава во блиска иднина. За во 2001 година да се случи она најлошото – борците за човекови права почнаа освојување на територија и етничко чистење на Македонците… невозможно е тоа да не го видоа политичките елити. Но, тогаш на власт беше Бранко Црвенковски, политичар кој има долга традиција на владеење со помош на интриги и на штета на македонските национални интереси. Tокму затоа ние од неговите новинарски пера бевме карактеризирани како фашисти. Нѐ оцрнија на најпоган можен начин. И тоа за потребите на коалициското владеење на неговата коалиција. Денеска за што протестираат средношколците? За да не учат математика! Гледам и не можам да верувам. Протестираат за да не учат. Затоа нема споредба. Зад овие деца, од кои некои секако убеден сум дека протестираат за да бидат лидери во својата генерација, со идеали кои се легитимни, стојат СОРОС и СДСМ. Самото име „пленум“ е орган на организација во левичарски структури. Овде станува збор за класична злоупотреба на образовни прашања и киднапирање на овие движења за да се собори Владата. И тоа треба да се каже јасно – вели Петровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија