Сусамот е вистинска нутриционистичка мини бомба. Богат е со витамин Е и помага да се урамнотежи нивото на естроген и да ја смири мигрената во менструалниот циклус. Затоа својата салата, пржени јадење, па дури и супата, зачинете ја со малку сусам. Подобар е од аспирин!
Печен компир
Нашиот омилен прилог со јадењето може да ја ублажи и главоболката, особено ако е истата поврзана со консумирање на алкохол. Бидејќи е алкохолот диуретик, предизвикува не само дехидратација туку и губење на калиум. Храната богата со калиум може да ви ја олесни главоболката од мамурлак, а печениот компир со лушпа е еден од најважните извори на калиум – содржи дури 721 мг. За споредба, бананата како популарен извор на калиум има 467 мг.
Лубеница
Најчеста причина за главоболка е дехидратацијата, дури и ако не поврзана со мамурлак. Затоа вреди да се проба со богата комбинација од овошје и зеленчук кој содржи есенцијални минерали како што е магнезиумот затоа што така можеме дури и да ја спречиме главоболката. Одличен коктел е следниот: 200 г. лубеница, пола лажичка мед и малку рендан ѓумбир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.