Ни еден од македонските кандидати од групите девојки и групи, не успеаја да ја минат втoрата фаза на натпреварувањето – регрутниот камп.
Синоќа, свои тимови одбираа Жељко Јоксимовиќ, кој ќе биде ментор на девојките и Тончи Хулиќ, кој ќе биде задолжен за групите. И двајцата на своите шест столчиња за пополнување немаа место за македонските кандидати.
Нашите бои годинава ќе ги бранат само Боби Мојсоски и Давид Темелков, кои се во тимот момчиња на Александра Ковач, како и Алмир Исмаили во групата постари од 27, чиј ментор е Масимо Савиќ.
Следната фаза и последна селекција на кандидати пред аудициите во живо, е домовите на судиите.
Секој ментор од своите шест кандидати ќе мора да одбере само тројца со кои ќе се бори за време на аудициите во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)