Министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак оцени дека терортистичкиот напад врз полициската станица во Зворник е напад врз Република Српска и БиХ, па повика институциите жестоко да реагираат.
Според него, се работи за критична состојба во која сите на сите нивоа на властите треба да покажат одлучност и да се определба за надвладување врз проблемот со тероризмот.
-Ова не е прашање за еден инцидент, ниту за човек кој легол во полициска станица и почнал да пука, Ова е прашање на борбата против тероризмот во земјатам, борба за иднина и едноставно момент кога треба да покажеме дека институциите на системот, а системот го сочинуваат и Република Српска и БиХ, посилни од тероризмот или не се?- изјави Црнадак за медиумите.
Како министер кој доаѓа од Република Српска, ова го чувствува како директен напад врз сите кои живеат таму. За утре е најавена вонредна седница на Претседателството на БиХ.
-Ова, покрај сите други неубави конотации, се случува во момент кога БиХ е пред отворање на една убава перспектива, едно оптимистичко време, кога луѓето видоа светло во тунелот- оцени Црнадак. Покрај фактот дека БиХ имаше проблеми со имиџот на земјата, шефот на дипломатијата вели дека дури сега тој имиџ ќе биде ставен на дополнителен тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.