Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изјави дека шефови на странски држави му признале дека во 2000-те години одлучиле Русија да не постои во поранешниот облик, пренесе Руска реч.
-Не беше можно да се стори ништо друго освен да се задуши тероризмот. Договор не беше возможен. Јас добро се сеќавам дека како директор на Федералната служба за безбедност читав различни оперативни документи, помеѓу другото и преписката меѓу меѓународните терористи и дека тие едни на други си пишуваа: „Ова е единствена ситуација. Имаме прилика да го одвоиме Кавказот од Русија. Сега или никогаш“- изјави Путин во документарниот филм „Претседател“.
Тој ги нарече терористичките напади во Беслан и во театарот на Дубровка најтешките моменти што ги преживеал додека бил на чело на државата.
-Ми беше јасно за колкава огромна одговорност се работи. Во себе решив дека друго решение не постои. Треба да се оди до крај- истакна шефот на руската држава. Според него, раководството на Федерацијата тогаш било свесно дека, доколку не им појде од рака да ја држат ситуацијата под контрола, повеќе нема да можат да ја зачуваат земјата од распад.
-Нашите специјални служби еднаш регистрираа директни контакти помеѓу терористите од Северен Кавказ и претставници на тајните служби на САД во Азербејџан. Тие фактички им помагаа дури и со превоз- изјави Путин.
-А кога го кажав тоа на тогашниот претседател на САД, тој ми одговори: „Море, јас, извинете, ќе кажам без заобиколување, јас ќе им покажам на нив“. А десет дена подоцна раководителите на ФСБ од своите колеги од Вашингтон добија писмо: „Ние одржуваме и ќе одржуваме односи со сите опозициски сили во Русија. И сметаме дека имаме право да го правиме тоа и ќе правиме така и понатаму- рече Путин.
Тој исто така додаде дека не треба да се користат терористи за решавање на политички и геополитички задачи. -Во никаков случај, никогаш и никаде. Не треба дури ни да се обидувате да користите терористи за решавање на актуелни политички или дури и геополитички задачи. Затоа што, ако ги поддржите на едно место, тие ќе кренат глава и задолжително ќе удрат на оние кои до вчера ги поддржувале- изјави рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени