| четврток, 6 декември 2018 |

Во земјотресот во Непал загинале 3.729 луѓе

непал2

Бројот на загинати во земјотресот во Непал достигна 3.729 луѓе, а се повредени 6.944, соопшти непалското Министерство за внатрешни работи.

Најголем број загинати има во Катманду – 808 и повредени 2.400. Во градот Бхаптапур загинаа 232 лица и уште толку се повредени.

Јапонија ќе обезбеди една милијарда јени (6,7 милиони долари) помош за настраданите во земјотресот од 25 април во Непал.

Голем дел од населението на Непал спие на отворено по саботниот потрес бидејќи домовите им се сраменти со земја или затоа што се плашат од нови потреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top