Вашингтон го призна ГТЦ под Уставното име. Се врати бумерангот на кој пишува „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Меѓународната завера против прашањето од животно значење за жителите на општина Центар се покажа на дело. Нели, кога веќе се тера целата прикаска по теркот на 2001, се очекува Андреј Жерновски уште вака да го оправда резилот доживеан вчера. Сега Цацко му е крив.
Да, де, Цацко, оној, вистинскиот од тиквешијата. Место пред МТВ, секој ден вицови требало да кажува на скалите на ГТЦ. Залудно сега се збори дека му недостасувал поттикот, немал договор за регрес од ГТЦ, како од МТВ. Треба да се има разбирање, па кој би стоел на провев за без пари?
Оние кои се разбираат од политика велат дека на манекенот кој што го дигаа до небо, дека сега му недостасувала математиката. Тоа требаше да им биде јасно од претходно, од екстерното околу пресметките за цехот за слепата уличка. Ама за некои луѓе слепилото во Центар е селективно.
Како лојален граѓанин, демократ по убедување, кому многу му недостасува опозиција, иницирам граѓанска акција да се купи нов дигитрон на главниот математичар на опозицијата, Ѓорѓи Спасов. Неговата математика ги однесе во слепа уличка и Центар, и Андреј, и СДСМ, и Заев, и Рада, и Стево. И предлагам, во рамки на јакнењето на демократскиот капацитет на Центар, да се организира „Гушкање на агенцијата Рејтинг“.
И после сѐ, малку е без врска да се бара предзнаење за собирање и одземање, множење и делење од главните во Центар, а да се организираат маршеви против математиката. И покрај се да се сака да се гради таква иднината. По мерката на Зоки, Енди, Рада и Стево. Аирлија бомбата за ГТЦ.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст