Провокациите и физички напад врз новинарот Антонио Димитриевски од страна на братучедот на Шекеринска, Никола Наумовски, се чини дека се најмалку наивни, а уште помалку случајни, пишува „Журнал“.
Вчера вечер, по неуспехот на референдумот во Центар, давајќи изјава, до Андреј Жерновски стоеше токму Никола Наумовски, што кажува дека тој иако сакајќи да се престави како дел од некакво независно невладино движење во чијашто независност никој не верува, тој всушност бил дел од штабот на Жерновски.
Оттука, дополнително се зголемува скандалот со нападот на Наумовски врз Димитриевски, кој се случи во петокот.
Јасно е дека братучедот на Шекеринска бил пред радиото РСМ со цел да предизвика намерно инцидент. Уште поголема дилема е дали се работи за политичка нарачка да се нападне новинарот со цел да се привлече вниманието на јавноста?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



