Повеќе од 30 патници се повредени, од кои неколкумина потешко, кога утринава во Загреб се судрија патнички автомобил и автобус на градскиот превоз.
Според првичните информации, возачот на автобусот се обидел да го избегне сударот со автомобилот и притоа удрил во столб за јавно осветлување, пренесе агенцијата Хина.
На терен се во тек интервенции на итната медицинска помош и се врши полициски увид.
„Индекс“ објави дека, според првични информации, се повредени околу 30 лица, од кои неколку имаат тешки повреди, како и дека автобусот бил полн со патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Во Загреб отворена голема ретроспектива на македонскиот игран филм



