Здружението на кошаркари на Македонија побара од новиот претстедател на македонската кошаркарска федерација, кој треба да биде избран денеска на Собрание, повеќе простор за домашните играчи. Со соопштение до јавноста македонските играчи нагласија дека никој од кандидатите за наследник на Даниел Димевски не контактирал со нив и велат дека се воздржани околу изборот на новиот челник на МКФ. Во игра за нов претседател се легендата на македонската кошарка Петар Наумовски и бизнисменот Абдурахман Бајрактар.
Кој и да биде нов лидер на македонската кошарка, од Здружението побараа да има повеќе простор за нашите играчи и за талентите кои треба да претставуваат иднина на македонската кошарка.
Интегрално ви го пренесуваме соопштението на Здружението на кошаркари на Македонија.
Во врска со кандидатурите за Претседател на МКФ на претстојното изборно Собрание, ставот на Здружението на кошаркари е воздржан. Ниту еден од кандидатите не ја презентираше својата програма официјално, ниту се обиде неформално да не исконтактира за да не информира за неговата програма и визија за развојот на македонската кошарка.
Воедно, ние јавно ги искажуваме нашите ставови, кои се и наши барања кон идниот Претседател:
1. Здружението на кошаркари на Македонија, е со став од натпреварувачката сезона 2015/16 да се воведе правило за задолжително присуство на паркет, на најмалку два домашни играчи, во секој момент за времетраење на натпреварите од домашното првенство, .
2. Да се воведе стручна програма во тренажниот процес и системот на натпреварување во сите младински категории, за развој на играчи, чијашто реализација ќе биде под континуиран мониторинг и контрола од страна на МКФ. Програмата да биде задолжителна за сите кошаркарски клубови.
3. Паралелно со продукцијата на нови македонски кошаркари, континуирано да се намалува бројот на странски кошаркари за натпреварите во домашното првенство. Во натпреварувачката сезона 2015/16 намалување на бројот на странски играчи од 6 на 5, во сезоната 2016/17 од 5 на 4, а понатамошната прогресија ќе зависи од бројот на нови наши играчи, што пак е директно поврзано со претходните две точки.
Нашите ставови имаат единствена цел, да го поттикнат производството на домашни играчи, што е темел за развој и на клупската, но, пред се, на репрезентативната кошарка.
Овој фундментален сегмент, кој беше запоставен изминативе години, функционирајќи единствено од формален или комерциајен аспект, е најголемата болка во нашата кошарка, и доколку веднаш не се преземат конкретни мерки, перспективата на нашиот спорт е неизвесна.
Искрено се надеваме дека овие наши ставови промпнтно ќе бидат имплементирани во програмите на кандидатите за Претседател, уште повеќе што и обајцата се наши поранешни колеги, кои најдобро можат да не разберат. Ние ќе го поддржиме кандидатот со визија за иднината на македонската кошарка, а таа во многу аспекти се совпаѓа со нашите ставови и убедени сме дека ќе имаме одлична соработка со идниот Претседател, за реализирање на единствената цел-развој на македонската кошарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



