| четврток, 6 декември 2018 |

Пет производи што ќе ви помогнат да ослабнете

hitportal-citron-5

Има диети кои ви ветуваат дека ќе ги намалите масните наслаги на стомакот, но по што се разликуваат тие диети од останатите?

Всушност, клучот не е во намирниците што ќе ги избегнувате, туку во храната што ќе почнете да ја јадете, во точно одредени количини, според советите на најдобрите светски нутриционисти и инструктори по фитнес.

Боровинки – познати се како моќен антиоксидант, но сега е докажано дека имаат и една неверојатна способност – да ги намалат масните наслаги од стомакот. Секојдневно консумирајте 100 г  свежи боровинки или чаша сок од боровинки. Најдобро наутро со појадокот.

Грејпфрут – современите студии покажаа дека луѓето кои имаат зголемена телесна маса и консумираат половина грејпфрут или чаша сок од грејпфрут за ручек не само што слабеат, туку слабеат точно во областа на половината и на карличниот појас.

Ореви – еден од најдобрите извори на омега 3 масните киселини кои не само што се моќни антиоксиданси, туку и помагаат при регулирањето на нивото на хормоните на стресот. Кога нивото на хормонот кортизол (хормон на стресот) е високо, тоа предизвикува складирање масни наслаги во областа на половината. Наутро се препорачува да се консумираат грст ореви заедно со боровинките како појадок.

Кисело млеко – во својот состав содржи супстанции кои се ефективни за слабеење во областа на половината бидејќи имаат својство да го регулираат натрупувањето и разградувањето на мастите во телото.  Консумирајте порција кисело млеко во комбинација со овес или мешано овошје, како вечерен оброк.

Црвени пиперки – богати се со природен витамин Ц за кој е докажано дека го регулира нивото на кортизол, односно влијае да се врати во своето нормално ниво кога е покачен при стресна ситуација. Тоа значи дека хормоните на стресот ќе циркулираат пократко време во телото и така нема да дојде до складирање масти во областа на стомакот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top