Сојузот на синдикати на Македонија годинава ќе го прослави 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот – со марш на солидарноста на кој ќе биде прочитан првомајски манифест со пораки за колективни договори за сите, сигурни работни места и сигурни плати за работниците.
Маршот ќе почне напладне од пред зградата на ССМ, по што учесниците ќе поминат покрај Собранието на Република Македонија.
– Сојузот на синдикатите на Македонија годинава со оваа манифестација активно ќе се вклучи во вкупните активности што ќе ги реализираат ITUC и ETUC, а кои ќе бидат фокусирани на обезбедување колективни договори за сите работници, односно и таму каде што ги нема. Активностите во текот на годината ќе бидат насочени и кон обезбедување сигурни работни места, работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници – вели претседателот на ССМ, Живко Митрески, во интервју за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст