Кина се надева дека новиот „Пат на свилата“ ќе ги засили политичките врски од Пацификот до Балтикот и ќе ги премости пречките во трговијата и вложувањата, а Пекинг за овој проект издвоил 40 милијарди долари, изјави претседателката на здружението на кинески претприемачи во Русија, Каи Гуиру, за време на состанокот со шефот на руската федерална миграциона служба.
Според нејзините зборови, новиот концепт за развој става акцент на тоа дека изградбата на „Патот на свилата“ ќе ја олесни размената меѓу Европа и Азија.
– Во овој момент издвоени се 40 милијарди долари за „Патот на свилата“ и за развој на главниот проект. Првата транша од 10 милијарди долари веќе се на сметката на овој фонд, рекла Каи.
Таа изразува надеж дека руските компании ќе се приклучат на овој проект.
– Би требало Русија да има поголема улога во добивањет на инвестиции од овој фонд, нагласила Каи додавајќи дека руската страна се уште не формирала кинеско инвестиционо портфолио.
Проектот „Патот на свилата“ кој ги поврзува Кина со Европа во 2013 година го претстави кинескиот претседател Си Џинпинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.