| четврток, 6 декември 2018 |

„Рејтинг“ реагира: Никогаш не сме објавиле бројка за излезноста на референдумот

spasov
Агенција „Рејтинг“ никогаш не прогнозирала одѕив од 83 проценти на референдумот, што е нелогично дури и за политички најнеобразованите.
– Таков одѕив немало никогаш во Македонија на ниедни избори, а камоли на локален референдум – реагираат од Рејтинг.
Според нив, соопштението кое го објавиле се однесувало на резултатот од излезените гласачи, односно дека 83 проценти  од излезените ќе гласале ЗА.
–  Прашање за одѕив никогаш не сме објавиле. Доколку медиумите кои ја објавија оваа лага не ја повлечат оваа вест и не го објават демантот во целост, ќе покренеме тужба за нарушен углед – велат од „Рејтинг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top