Со народен собир кај месноста Свиланово недалеку од селото Рајчани, Кочанско денеска е одбележана 110 годишнината од смртта на Никола Карев, кој на 27 април 1905 година на пат кон родното Крушево херојски загина со својата чета борци.
Делегации од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип положија цвеќе. На чествувањето на 110 годишнината од смрта на Карев присуствуваше и делегација од збратеимениот град на Кочани, Крушево предводена од градоначалникот Ѓоко Дамчески.
Ученици од основните училишта што го носат негвото име од Кочани, Крушево и Пробиштип читаа стихови за Карев.
– Посебно сме горди на херојското дело на Карев и споменот за него го чуваме во нашите семејства. Прв пат сме на местото каде што загинал нашиот дедо – изјавија Петар и Борис Кареви, внуци на Никола Карев.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски најави дека општините Кочани, Чешиново – Облешево и Пробиштип ќе градат Спомен парк во чест на Никола Карев.
Проектот за спомен паркот кај Свиланово заеднички го изработија архитекти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.