Феминизмот е за сите нас, бидејќи разликите со кои се соочуваме се поврзани
Поминувајќи со поглед преку морето со кренати раце на неодамнешна студиска посета, почувствував наплив на восхит бидејќи сите ученички ги кренаа рацете за да потврдат дека се феминистки.
Освен што не се случи точно така.
Всушност, кога ги прашав да ги кренат рацете ако се феминистки, резултатот беше расштркани раце по училницата, во најдобар случај се јавија 20 отсто од присутните. Потоа ги прашав ученичките да кренат рака ако мислат дека сите треба да бидат третирани еднакво, без оглед на сексуалноста и сите раце во училницата беа кренати. Ги прашав дали сите треба да се третираат еднакво без оглед на бојата на кожата и повторно 100 отсто раце беа кренати. На крај реков да кренат раце ако сметаат дека сите треба да бидат третирани еднакво без оглед на нивниот пол. Сите раце беа во воздух.
– Ако сте кренале рака сега, тогаш сте феминисти-тки. Тоа значи дека ќе има феминистки – им објаснив.
Освен неколку исплашени момчиња кои ги симнаа рацете, генерална реакција беше збунетоста. Неколку деца прашаа дали смеат и машки да бидат феминисти, а други протестираа дека машките никако не можат да бидат тоа, со оглед дека феминизмот сакаат да го поразат, преземат и генерално да ги натера машките на субмисивност.
Не изненадува дека овие застарени и лажни стереотипи се одржале, бидејќи медиумите и интернетот тврдоглаво ги повторуваат. Всушност, постои голема доза на анксиозност околу заживувањето на феминизмот и за тоа што би можело тоа да значи за мажите. Неодамна видовме згрозување од отказот на водителот на Топ Геар, Џереми Кларксон, без кој наводно Би-Би-Си ќе остане кастриран, членките кои прогласуваат дека статистиките на ОН за сексуалното насилство се лоши кон мажите, па дури и тагувањето на Расел Кроу над умрениот традиционален маскулинитет.
Необично е што често во срцето на таквата паника целосно е погрешна дихотомијата. Прво, таквите аргументи сугерираат дека бавењето со прашања како сексизмот, уличното малтретирање или семејното насилство некако го исклучува делувањето на проблемите кои влијаат на мажите.
Идејата дека борбата за полова рамноправност го брише маскулинитетот или ги ослабува мажите е навредлива за секој маж кој својот идентитет не го добива од навредување на жените. Феминизмот не значи дека мажите не смеат да придржат или да отворат врата на жените или да дадат на жена комплимент при флертување. Тоа едноставно е човечка љубезност која треба да ја покажуваме едни на други без оглед на полот.
Идејата дека феминизмот мора да резултира во намерна или колатерална штета кон мажите е едноставно невистинита. Речиси секој проблем за кој зборуваат феминистките, ако би се решил, би имал позитивни ефекти и на мажите. Постовите на веб страната Everyday Sexism Project откриваат совршено јасно, во иста недела ќе добиеме еден текст од маж на кого е одбиен родителски одмор и кој го исмејувале во канцеларија дека барал родителски одмор, а еден случај на жена на која е одбиено одмор бидејќи се смета за мајчински ризик. Се јавуваат и девојки на кои не им е дозволено да се придружат на фудбалски натпревари и момчиња кои се исмејани од други бидејќи сакаат да одберат наводно женски предмет во училиште како ликовно или глума.
Татковците се пофалуваат и им се честита за чувањето на сопствените деца, а мајките се критикуваат бидејќи земале слободна ноќ. Многу од тие проблеми се две страни од иста паричка.
Иста состојба е и околу многу прашања со кои се занимаваат активистите за права на мажите тврдејќи дека феминистките ги игнорираат тие проблеми. Неизбежно, тука се и обвиненија за половата нерамнотежа при доделба на старателство над децата, или фактот дека стапката на самоубиства кај мажите е поголема од стапката кај жените. Но, она што не го сваќаат е дека тоа се исти разлики за кои зборуваат и феминистките. Обично дискриминацијата за напредокот на жените во кариерата произлегува од стереотипот дека жените се семејно ориентирани, а мажите се фокусирани на кариерата. Логично е да се претпостави дека барем некои делови на родовиот диспаритет во стапката на самоубиствата се поврзани со идејата дека мажите мора да бидат воспитани да бидат цврсти и силни, дека мажите не плачат и дека е срамота ако мажи зборуваат за своите чувства или бараат помош. Да се фатиме во костец со овие стереотипи, би било добро за сите.
Сите ќе не враќа назад ако луѓето ги повторуваат овие застарени догми кои ги вртат мажите и жените едни против други. Секако, не се сите мажи сексисти и нема секоја жена да се соочи со сексизам. Половите нерамноправности имаат негативно влијание на мажите како и на жените, иако структуралната и вкоренетата природа (политичка, економска, социјална и културна) значи дека жените го чувствуваат ефектот од половата нерамноправност почесто и потешко од мажите. Мажите сепак мора да ја играат главната улога во оваа битка, но како сојузници, заговарачи на промени и нивни корисници. Тука не се работи за мажите против жените, туку за луѓе со предрасуди; и сите мораме да се вклучиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



