Синоќа околу 23,25 часот во село Морани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен Ксантија“ со скопски регистерски ознаки, управувано од В.Ј. (24) од Скопје и патничко моторно возило „Фиат Чиквеченто“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Н.Д.(27) од Скопје.
По судирот на возилата, „Чиквечентото“ излегло од коловозот и удрило во дрвени столбови со жичана ограда и дрвја што се наоѓале во нивата по што се превртело, се појаснува во денешното соопштение од МВР. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Д. и Шиме С.(61) сопатничка во „Фиат Чиквечентото“, која што на ноќеска околу 03,30 часот им подлегнала на повредите.
Со телесни повреди се здобил возачот В.Ј. и Г.П.(21) сопатник на „Цитроенот“ и С.Т(37) и А.С.(28) сопатници од другото возило. Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



