Руски хакери, кои минатата година упаднаа во компјутерскиот систем на Белата куќа, ја читале електронската пошта, која ја примал и испраќал американскиот претседател Барак Обама, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на американски функционери.
– Нема докази дека е хакирана самата имејл адреса на претседателот, изјавија претставници на Белата куќа, но додадоа дека сепак фактот дека хакерите дошле до делот на комуникацијата на Обама било едно од најстрого чуваните сознанија на истрагата.
На почетокот на април претставници на американската администрација признаа дека кон крајот на 2014 година имало кибер напад на хакери, но не сакаа да ги потврдат наводите на медиумите дека зад тој напад стојат Руси.
– Тој хакерски напад меѓутоа беше многу поголем и има поголеми причини за загриженост, откаолку што власта јавно призна, ги пренесува „Њујорк тајмс“ изјавите на американските претставници упатени во резултатите од истрагата.
Хакерите, кои упаднале и во компјутерскиот систем на Стејт депарментот успеале да пристапат до имејл архивите на луѓето во Белата куќа, а можно и на некои однадвор, со кои Обама редовно комуницирал, пишува весникот.
Токму преку тие електронски пораки хакерите дошле до мејловите кои Обама ги испраќал и примал, пишува весникот и додава дека сепак изгледа дека хакерите не упаднале во серверите, кои го поддржуваат сообраќајот на пораките од блекбери уредот на Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



