| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ истражува терористички заговор на ИД во САД

fbi terorism

Американското Федерално истражно биро води истрага за евентуален терористички заговор во САД, инспириран од групацијата Исламска држава, јави синоќа телевизискиот канал Си-Ен-Ен, кој се повикува на силите за безбедност.

Според телевизијата истрагата почнала по пресретнување на комуникација и добивање на други разузнавачки информации, кои воделе до заклучок дека се подготвува заговор.

Заговорот бил фокусиран на делови од државата Калифорнија, каде биле зајаканти мерките за безбедност.

Си-Ен-Ен тврди дека Администрацијата за воздушна безбедност ги алармирала соодветните служби на аеродромите во Калифорнија за можна закана, која можеби не е поврзана со безбедноста во воздушниот сообраќај.

Според извор од федералните служби за безбедност има информации за закана против меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Изворот, кој побарал анонимност, не прецизирал дали станува збор за нова закана или таа е истата поврзана со ИД.

Министерството за внатрешна безбедност и ФБИ се уште не дале официјален коментар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top