| четврток, 6 декември 2018 |

Над 2,5 милиони евра субвенции за земјоделците од охридско-струшкиот регион

zemjodelstvo

На земјоделците од охридско-струшкиот регион годинава ќе им бидат исплатени повеќе од 2,5 милиони евра за субвенции, објави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На народниот собир пред охриѓани, Груевски истакна дека земјоделците од овој регион изминатите години добиле над 15 милиони евра субвенции.

– Продолжуваме понатаму, со други планови и идеи кои ги развиваме за тоа како да му се помогне на Охрид и на целиот регион, рече Груевски во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top