| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 250 работни места за кичевчани до крајот на годината

Colleferro-Kss-1-600x330

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ која произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија објави одлука да инвестира 20 милиони долари во Кичево и да реализира илајди нови вработувања. Ова денеска го соопшти премиерот Никола Груевски на собирот во Охрид.

-Оваа компанија веќе ги започна подготвителните работи за изградба на својата фабрика во кичевската зона и оваа фабрика се очекува да биде завршена до крајот на оваа година. Она што е битно и сакам да го истакнам е дека моментално компанијата работи во браунфилд халата и има веќе 60 вработувања, а до крајот на годината додека работат таму и додека стане оперативна гринфилд фабриката ќе се вработат уште 250 работници, 250 вработувања за Кичево и кичевско до крајот на годината,а кога фабриката ќе стане оперативна тој број ќе дојде до 1000 работници. ​Три фабрики и над 3000 нови работни места за овој регион – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top