Премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид најави нова поволна мерка за бизнис секторот особено за делот на малиот и среден бизнис која ќе значи значително олеснување на работата и намалување на трошоците. Според него, со измените и дополнувањата на Законот за архивско работење кој ги усвоиле на Влада ќе се изврши поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти, односно.
– Физичките лица и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење согласно одредбите од овој закон. Сите физички лица, трговци поединци, занаетчии, друштва со ограничена одговорност и други правни лица кои имаат до 49 вработени во иднина ќе немаат никаква обврска за водење на евиденција ниту пак да вршат архивирање согласно одредбите од Законот за архивски материјал. Единствена обврска ќе биде да се архивира материјалот кој е од трајна вредност за Република Македонија, науката и културата, при што Државниот архив ќе треба да утврди кои се иматели и кои документи спаѓаат во приватен архивски материјал кој треба да се архивира, што значи дека немаат никаква обврска во однос на законот – рече Груевски.
Втората измена се однесува на правните лица со 50 и повеќе вработени кои ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција.
– Законот дава можност самите да утврдат која евиденција ќе ја водат, односно можат наместо деловодник да водат своја евиденција која веќе име е воспоставена, а исто така и основните броеви можат да ги утврдат самостојно онака како што веќе ја имаат воспоставено евиденцијата, а не задолжително да ја користат номенклатурата на државниот архив. Со тоа ќе се воспостави законски основ приватните фирми својата електронска евиденција која веќе ја имаат воспоставено и која ја водат пред се заради свои потреби, односно за следење на текот на работата да биде правно релевантна, а не да се оптоваруваат со дополнителна евиденција за чие што водење ќе се трошат непотребно ресурси и средства – рече Груевски.
Со измените на законот, Државниот архив ќе биде обврзан да врши електронско архивирање на архивскиот материјал, создаден во електронска форма, а не истиот да се конвертира во хартија за потоа да се архивира.
– Со овие измени, а како резултат разговорите со бизнис заедницат се поедноставува постапката за канцелариско и архивско работење за физичките и правните лица, односно истите се ослободуваат од непотребно формализми и обврски кои се воведени уште во СРМ, затоа што обврската за канцелариско и архивско работење на приватните субјекти е воведена уште со Законот за архивска граѓа објавен во Службен весник на СРМ бр. 36 од 1990 година и во континуитет траела до денес – рече Груевски.
Владата размислува и прави анализа за инженерите кои работат во ИКТ да добијат повисоки плати за 30 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



