Премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Охрид не го прескокна кафето кое екслидерот и сегашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и Зоран Заев го пиеле на почетокот на неделата. Тој рече:
–Можам само да замислам како Бранко му зборел на овој, браво Зоки, само напред, продолжи вака, многу си храбар, всушност ваква храброст досега не сум видел, чудо од храброст, потоа продолжил сигурно, и не само што си храбар, туку си и многу паметен знаеш, мене ова не би ми текнало, вака да терам, генијалец си, и голем патриот си вака те гледам, стварно патриотски тераш, и Грците, а и едни други се целосно убедени во тоа, само продолжи вака. И на крај му рекол сигурно, те слушнав ова за Господ што го кажа, искрено и јас мислам така, ти си од Господ пратен. И се поднасмеал малку. А Заев гордо потскокнувал околу него.
Понатаму во својот говор Груевски додаде дека во знак на благодарност Бранко на Заев и ладата ми ја дава.
–Абе шефе ама не знам да возам баш, му вика Заев. А Бранко му вели, не е важно што не знаеш да возиш, Господ те пратил тебе, не мора да знаеш, важно е дека си многу паметен, влези запали ја колата, и тргни, па само ќе ти дојде после возењето, зашто си паметен многу. И овој така весел си излезе на пресконференција и продолжи со својата лента и нормално се пофали дека се видел со Бранко, пиеле кафе во штаб – рече Груевски.
Понатаму премиерот пред насобраниот народ во Охрид додаде:
–Каква мизерија не ми се верува. Ај едниов што е марионета во сценариово, ќе си рече човек толку му сече, нека се радува, ама другиов што пробува да се претстави како некој нов да е, како да не го познаваме, демек сега се појавил во политиката, како да не го паметиме, како да не знаеме кој е и што прави, кој бил и што правел, е тоа не ми се верува вака кога го гледам. Но како и да е, овие од нивните општински јако пробуваат да ги имитираат и тоа е па најсмешниот дел во сета оваа трагикомедија, која ја спроведува СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст