| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бранковистите ќе кажат абе како не разбравте досега дека Бранко е всушност Господ

Zaev bomba 3 6 (Custom)

Неодамна овде во Охрид опозицијата си имаше еден настан, мораа, им наредил овој што сам за себе си збори дека Господ го црпнал од нива и го донел да ја ослободи Македонија, мислам што да прават луѓето, морале да го послушаат, на крај на краиштата кој сака со Господ да се закача, нели. И така си објавуваа работи кои си ги сецкале, монтирале, нормално давајќи им некаков контекст со бомбастична најава која нема никаква врска со реалноста и беа горди што завршиле голема работа. И тоа не е за џабе што овој токму во Охрид го објави тоа со Господ, човекот е суеверен, има доста цркви низ градов и си рекол, право место да си ја пласирам ја оваа теза за себе, луѓево во Охрид се големи верници и може ќе поверуваат. Настрана тоа што веројатно, скраја било, тој самиот си верува во тоа – вака премиерот Никола Груевски го започна својот говор на партискиот народен собир на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

nikola2
Тој додаде:

Всушност не знае човек што е полошо, почудно и поналудничаво, така намерно да пласира сакајќи да убеди некого во тоа и притоа тоа да го прави од политички лукративни причини да привлече гласови на база на тоа дека е пратен од Господ или стварно да мисли самиот за себе дека Господ го пратил него од нивните во Муртино да ја ослободува Македонија. Но ова би го оставил на стручни лица и аналитичари да го толкуваат, јас не сум најстручен во тие области.

Груевски посочи дека претседателите на организации на СДСМ, во најавата, во дикцијата, во наративот на тоа што го кажуваат, се плукнати на нивниот лидер.

Исти сиромашките, толку сакаат да го имитираат, што е просто неверојатно, или мораат кутрите зашто си викаат сигурно овој нашиов со Господ е на линија и сто посто ако сме како него може и нас да не црпне од кафаниве по Охрид, на пример од летница или стар чинар и да не лансира негде, нешто јако да станеме. Па во право се луѓево од локалнава на СДСМ, си викаат ако овој стана лидер на опозиција, за нас лимитот е многу повисок, и сигурно циљаат на местото на бан ки мун или во најмала рака на јункер во комисијата -поосчи премиерот пред насобраните граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Според него тие претходните повеќе Бранко си го имитираа, ама овие новиве имаат нов модел, идол – Зоран Заев. Тој додаде:

Е сега Бранко им ги помати сметките пред некој ден, се јави нели, и гарант си викаат, а што ако и Бранко е пратен од Господ, па им внесе мала дилема, ама ќе им се разбистри за кратко, кога ќе си дојдат бранковистите и ќе им кажат, абе како не разбравте досега дека Бранко е всушност Господ. Тој го црпна овој од нива и го пушти слободно вака да си ја ослободува Македонија. Претходно добро го подготви, и го лансираше во ѕвездите. Тоа е Бранко кога ќе те лансира, лансирано е, ѕвезда си. Можам да замислам како непријатно изгледало ова пиењето кафе меѓу Заев и Бранко, кое Бранко не го ни спомна, а Заев растреперен од радост и восклик го кажа на прес конференција. Пиевме кафе со Бранко. Уаууу!!! И громогласен аплауз. Многу понижувачки да ви кажам право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top