Ибупрофенот може да спречи главоболка и да ги смири отечените зглобови, но овој лек може да има и други позитивни ефекти. Новото истражување покажува дека го продолжува животот на лабораториски организми, што не доведува до претпоставката дека тоа исто го прави со луѓето.
Научниците ја отфрлија идејата за продолжување на животниот век, но изгледа дека тоа е многу едноставно, барем за организми како глувци и црви. Лековите кои го продолжуваат животниот век на тие битија, како аспиринот и антидијабетичкиот спој на метаморфини, веќе се во широка продажба со години и децении. Неколку истражување сугерираат дека и ибупрофенот е вреден за внимание по ова прашање. Ибупрофенот спречува воспаленија, кои се дел од многу болести поврзани со стареењето. Според тоа, луѓе кои долготрајно зимаат ибупрофен помалку се подложни на болести во староста како Алцхајмер и Паркинсоновата болест, тврдат научниците.
За да го докажат тоа, биохемичарот Мајкл Полуменис од Универзитетот во Тексас и неговите колеги дале на мувла, црви и овошни мушички мала доза на ибупрофен кои одговараат на дози кои луѓето ги зимаат со оглед на својата големина. Животниот век на сите тие организми се зголемил кога примиле ибупрофен, објавија научниците во списанието PLOS Genetics. Кај мувлата ибупрофенот го продолжил животниот век од 17 отсто, половина од тоа што научниците можат да го добијат со намалување на резервите на храна за клетките (уште еден интересен пристап за зголемување на долговечноста). Но, не е јасно зошто ибупрофенот им погодува на тие организми кои немаат ензим кој погодува на воспаленија, кога погодува на луѓе кои имаат циклооксигенатски ензими така да ги блокира ензимите. Циклооксигенатските ензими помагаат при спојување на молекулите кои носат воспаленија.
Причина за тоа можеме да најдеме во поранешните истражувања кои покажале дека лекот ја труе мувлата која не може да произведе аминокиселина триптофан, која е потребна клетките да произведуваат протеини. Полименис открил дека нивото на триптофанот речиси е непостоечко во мувлата која била изложена на ибупрофен. Исто така, покажал дека ибупрофенот погодува на протеините кои на клетките им овозможуваат да го апсорбираат триптофанот.
Ибупрофенот нема големо влијание на нивото на триптофанот, но го намалува за околу 15 до 20 отсто кај мувлата. За да објаснат како тој скромен пад на концентрацијата на триптофанот влијае на долговечноста, научниците покренале механизми надвор од сите очекувања. Многу истражувања покажале дека наместо да ги убие организмите, умерената количина на стрес, како умерена доза на радијација или отровни хемикалии, всушност го продолжуваат животот. Мало намалување на триптофанот предизвикано од ибупрофенот, може да функционира на ист начин, претпоставуваат научниците.
– Претпоставуваме дека тоа е уште еден тип на стрес кој погодува на нашето здравје – вели Полименис.
– Убедливо прикажале дека ибупрофенот го продолжува животен век на покусни организми – вели молекуларниот биолог Елен Нолен од Универзитето во Гронинген во Холандија. Понатаму, смета дека е и доказот за улогата на триптофанот е многу уверлив и дека ибупрофенот може да има влијание на долговечноста преку делување на тие молекули.
– Двете се многу добри идеи од ова истражување – вели геронтологот Ричард Милер од Универзитетот во Мичиген, еден од учесниците од Институтот за тестирање на програми за интервенција на староста ITP, во кој научници од три различни институции тестираат и контролираат дали можат разни варијации на хемиски споеви да го продолжат животот на глушец. – Заклучок е дека некои против воспалителни лекови кои луѓето ги зимаат, имаат погодности кои не се нужно поврзани за воспаленијата – вели Милер.
Втората корисна идеја е можната интервенција во создавање на протеини кои пренесуваат аминокиселини во клетките, што може да доведе до нови начини на продолжување на животниот век.
До сега научниците не докажале дека некој лек го продолжува животнит век на човекот. Милер ги предупредува нестрпливите на искористување на резултатот и се противи на тоа, бидејќи долготрајното зимање на ибупрофен може да доведе до латентно крварење на желудникот, со многу други нуз појави.
– Сметам дека било кое лице кое смета дека нешто што функционира на мувла е нешто што тоа лице сигурно сака да го користи, само бара неволја – заклучува Милер.
„Сајанс Маг“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


