| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерката Сузан Максут

сузан максут

По кратко боледување, на 76-годишна возраст, почина актерката Сузан Максут, доајен на НУ Турски театар.

Од 1962 година е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година.

Актерката Сузан Максут имаше успешно одиграни улоги.

Попознати актерски остварувања се Дездемона во „Отело“, Мерима во „Омер и Мерима“, Катрин Хауп во „Мајка храброст“, Ширин во „Легенда За Љубовта“, Медеа во „Медеа“, Ајше во „Цвеќарот Али“, Виолета во „Убавината чекори сама“, Хајди во „Хајди“, Зејнеп во „Алиш“, Клер во „Слугинки“, Фјокла Ивановна во „Женидба“, Шарлота во „Дон Жуан“.

Добитник е на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“ (1969) и Награда на Град Скопе 13 Ноември (1974).

Учествува во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. Играла во филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Време, води“ (1980) и „Македонска сага“ (1993).

Погребот е биде во 16 часот на гробиштата Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top