| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Березовски е мртов

boris berezovski

 

Се уште не се познати причините за смртта на 67-годишниот олигарх и еден од најострите критичари на претседателот Владимир Путин.

Тој досега преживеа серија атентати, што наведува на сомнежи дека можеби е егзекутиран.

Березовски до доаѓањето на власт на Путин беше најмоќниот руски олигарх кој покрај пари имаше и силно влијание врз Кремљ, добивајќи од таму силна поддршка, како од тогашниот претседател Елцин, така и од неговото семејство.

Работите се изменија, меѓутоа, откако Путин ја презеде претседателската функција во 2000 година, иако токму Березовски му помогна да го наследи Елцин, практично без да има вистинска конкуренција.

Но, за многу Руси и за поголемиот дел од руската јавност, Березовски е „проблематична личност“, па во Лондон се вели дека тешко е да се поверува дека тој ќе најде база за „својата револуција“, без разлика што се смета дека многу негови критики на сметка на Путин се сосема оправдани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top