Македонскиот претседател Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод свеченостите за одбележување на 100-годишнината од битката на Чанаккале.
Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, присуствувал на главната сесија на конференцијата „Првата светска војна на нејзината 100-годишнина“, на која учествувале и премиерите на Турција, Австралија, Нов Зеланд и претседателот на Ирак, како и на вечерата која во чест на шефовите на држави и влади ја приредил претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Иванов учествувал и на свеченостите во меморијалниот центар на жртвите од Комонвелтот во Чанаккале.
Покрај македонскиот претседател на церемонијата присуствувале државници од над 60 држави од целиот свет, меѓу кои дваесетина шефови на држави, премиери, министри, претседатели на парламенти, како и претставници на меѓународни организации.
Меѓу присутните бил и принцот Чарлс, кој имал свое обраќање во име на сојузниците, претседателите на Ирска, Ирак, Азербејџан, Албанија, Црна Гора, Косово, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, емирот на Катар, како и премиерите на Австралија, Нов Зеланд, спикерот на руската Дума.
Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани