| четврток, 6 декември 2018 |

Со 3,5 промили алкохол во крвта поминал на црвено на „Партизанска“

полиција

Пијан возач, поминал на црвено на „Партизанска“ во центарот на Скопје, а кога го запреле полицајци, почнал да ги навредува и омаловажува, соопшти полицијата.

Имено, рано утринава околу 4.30 часот, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улица „Франклин Рузвелт“, при вршење на рутинска сообраќајна контрола,  полициски службеници запреле автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 40-годишниот Г.И.(40) од Скопје, откако тој претходно на семафор минал на црвено светло.

Алкохолизираниот возач почнал да ги навредува и омаловажува полицајците, по што е приведен во полициска станица Центар и по извршено алкотестирање кај него е утврдено присуство на 3.50 промили алкохол.

По целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top