| четврток, 6 декември 2018 |

Миодраг Костиќ: Се остварува сонот на сите тие што се вклучени во фестивалот

Сме­там де­ка и јас и си­те со­ра­бот­ни­ци на „Те­а­тар 007“ има­ме до­вол­но енер­ги­ја да ра­бо­ти­ме, да соз­да­ва­ме кре­а­тив­ни де­ла за­тоа што про­це­си­те на ра­бо­та, без раз­ли­ка да­ли е прет­ста­ва, на­ста­ва во учи­ли­ште­то или ор­га­ни­зи­ра­ње на фе­сти­ва­лот, не са­мо ме­не, ту­ку и дру­ги­те ко­ле­ги, нѐ хра­нат со по­зи­тив­на енер­ги­ја, ве­ли Ко­стиќ

Го­ди­на­ва ќе се одр­жи ос­мо­то из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Ли­ца без ма­ски“. Што до­не­су­ва го­ди­наш­на­та про­гра­ма? Има­те ли не­ка­кви из­не­на­ду­ва­ња за пуб­ли­ка­та?
Ко­стиќ: Ка­ко и се­ко­ја го­ди­на, та­ка и оваа се оби­дов­ме да соз­да­де­ме про­гра­ма што, на­ви­сти­на, ќе ги за­до­во­ли вку­со­ви­те на ма­ке­дон­ска­та те­а­тар­ска пуб­ли­ка, ко­ја се­ко­гаш знае да про­це­ни што е до­бра прет­ста­ва. Се­ле­кто­рот на фе­сти­ва­лот, ре­жи­се­рот Игор Ивко­виќ, го­ди­на­ва се ре­ши да соз­да­де про­гра­ма што не­ма да оп­фа­ти са­мо те­а­тар­ски ком­па­нии што не учес­тву­ва­ле на фе­сти­ва­лот, ту­ку се ре­ши за из­бор на прет­ста­ви што се, на­ви­сти­на, ква­ли­тет­ни и ги за­до­во­лу­ва­ат кри­те­ри­у­ми­те на фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“, а тоа е да се ал­тер­на­тив­ни, екс­пе­ри­мен­тал­ни, да ну­дат но­ви и со­вре­ме­ни те­а­тар­ски ко­до­ви и есте­ти­ка. Фе­сти­ва­лот ќе поч­не со из­вед­ба на култ­ни­от текст на Де­јан Ду­ков­ски „Бу­ре ба­рут“, овој пат из­ве­де­на од го­сти­те од Бу­га­ри­ја, од те­а­та­рот „Ни­ко­лај Би­нев“, во ко­про­дук­ци­ја со „Кре­ди арт про­дук­ци­ја“ од Со­фи­ја. Ста­ну­ва збор за ед­но уни­кат­но про­чи­ту­ва­ње, од на­ша­та ре­жи­сер­ка Ана Ба­те­ва, ко­ја жи­вее и ра­бо­ти во Со­фи­ја. Иста­та ве­чер, во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, ка­де што ќе се слу­чи и отво­ра­ње­то, пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да ја пог­лед­не уни­кат­на­та прет­ста­ва на овој фе­сти­вал „Мо­рам не­што да ти ка­жам“, на авто­рот, ре­жи­сер и актер Џу­зе­пе Л. Бо­ни­фа­ти. Оваа прет­ста­ва се из­ве­ду­ва во то­а­лет, а со тоа што ја из­брав­ме за на­ши­от фе­сти­вал, по­ка­жу­ва­ме де­ка те­а­та­рот мо­же да се слу­чу­ва на­се­ка­де и во раз­лич­ни про­сто­рии. Важ­но е што ќе пре­не­се­ме ка­ко по­ра­ка и ка­ков нов свет ќе ѝ по­ну­ди­ме на пуб­ли­ка­та.

Ин­тен­ци­ја­та на „Ли­ца без ма­ски“, да про­мо­ви­ра­ме и ма­ке­дон­ска не­за­вис­на про­фе­си­о­нал­на те­а­тар­ска про­дук­ци­ја, ја про­дол­жу­ва­ме и оваа го­ди­на. На вто­ра­та фе­сти­вал­ска ве­чер на 19 април ќе се из­ве­дат две иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­ни прет­ста­ви и тоа: „Се­меј­ни при­каз­ни“, на ре­жи­се­рот Ан­гел­чо Или­ев­ски, ка­ко и прет­ста­ва­та „К“, на ре­жи­сер­ка­та Ха­на Ми­лен­ков­ска. Дру­ги­те де­но­ви, се ре­зер­ви­ра­ни за поз­на­ти­те при­ја­те­ли на „Ли­ца без ма­ски“ од пред две го­ди­ни и тоа ла­у­ре­а­ти­те: те­а­та­рот „Со­фи­ја Амен­до­леа“, кој овој пат ни до­а­ѓа со нај­но­ви­от про­ект „Ко­пи­ли­ња во умот“, во ре­жи­ја на Фа­био Омо­деи, ка­ко и на­ши­те при­ја­те­ли од те­а­та­рот „Ател­је 313“ од Со­фи­ја, со мул­ти­ме­ди­јал­ни­от спе­ктакл за си­те во­зра­сти „Ма­ши­на­та Јан Би­би­јан“, во ре­жи­ја на Пе­тар Па­шов.

Ова е раз­ум­но соз­да­де­на про­гра­ма, во ин­те­рес на кон­цеп­ци­ја­та на фе­сти­ва­лот и се­ка­ко де­ка ре­чи­си си­те прет­ста­ви се из­не­на­ду­ва­ња. Од то­а­ле­ти, до ви­стин­ски ма­ши­ни на сце­на што про­из­ве­ду­ва­ат ма­ги­ја, па сѐ до ка­ба­реа и же­сто­ки ви­зу­а­ли­за­ции, кои ги хра­нат си­те на­ши се­ти­ла.

Miodrag-Kostic-int137-2

Ко­га ќе се на­вра­ти­те пред осум го­ди­ни, на по­че­то­кот на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та, сме­та­те ли де­ка бе­ше те­шко да се из­др­жи? Има­вте ли мо­мен­ти ко­га са­ка­вте да се отка­же­те?
Ко­стиќ: Те­шко­ти­и­те што про­из­ле­гу­ва­ат во про­це­сот на ра­бо­та и на соз­да­ва­ње на фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“ се не­из­беж­ни, но прив­леч­ни. Ко­га ра­бо­ти­те, пак, би се од­ви­ва­ле без ни­ка­кви преч­ки, то­гаш, мо­же­би, ќе се за­гу­би и ма­гич­но­ста и спон­та­но­ста. Се­ка­ко де­ка на­и­ду­ва­ме на мно­гу­број­ни преч­ки. Нај­че­сто тоа се не­до­вол­ни­те фи­нан­сии, про­стор­ни­те ус­ло­ви и ре­ди­ца дру­ги ра­бо­ти, кои ние ка­ко тим се­ко­гаш ус­пе­ва­ме да ги над­ми­не­ме. Бла­го­да­ре­ние на не­се­бич­на­та под­др­шка на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра и на Град Скоп­је, кои пос­лед­ни­те го­ди­ни осо­бе­но ја пре­поз­наа вред­но­ста на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Ли­ца без ма­ски“, ус­пе­ва­ме ние од „Те­а­тар 007“, за­ед­но со по­све­те­но­ста на вра­бо­те­ни­те од Кон­грес­ни­от цен­тар „Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски“ и на ди­ре­ктор­ка­та Ве­ра Бо­шков­ска, да би­де­ме до­стој­ни до­ма­ќи­ни за на­ши­те го­сти, а во­ед­но и до­бри ор­га­ни­за­то­ри за на­ша­та пуб­ли­ка. Со­нот на си­те тие што би­ле или се се­га вклу­че­ни во ре­а­ли­за­ци­ја­та на фе­сти­ва­лот, се ос­тва­ру­ва. Да би­де пре­поз­нат­ли­во те­а­тар­ско име, кое ќе про­мо­ви­ра но­ва, со­вре­ме­на те­а­тар­ска есте­ти­ка од не­за­вис­на­та и про­фе­си­о­нал­на те­а­тар­ска про­дук­ци­ја. Оди­ме по­на­та­му, а преч­ки­те ќе ги над­ми­ну­ва­ме.

 

Се чи­ни де­ка ти­мот на „Ли­ца без ма­ски“ функ­ци­о­ни­ра ка­ко ча­сов­ник. Вие ка­ко ди­ре­ктор, ве­ро­јат­но, ја има­те нај­те­шка­та за­да­ча. Но, да­ли по­крај овој ан­гаж­ман, па и не­за­вис­ни­от „Те­а­тар 007“ и учи­ли­ште­то за те­а­тар „Од игра до прет­ста­ва“… и си­те дру­ги ан­гаж­ма­ни ус­пе­ва­те да ги ме­на­џи­ра­те об­вр­ски­те? Спи­е­те ли?
Ко­стиќ: Ко­га има не­ра­бот­ни де­но­ви, праз­ни­ци и ко­га ин­сти­ту­ци­и­те и дру­ги­те со­ра­бот­ни­ци не ра­бо­тат, то­гаш мо­жам и да се из­нас­пи­јам. Не­ко­гаш и тие де­но­ви „ги тро­шам“ на до­вр­шу­ва­ње на не­кои ан­гаж­ма­ни, но не би се по­жа­лил. Сме­там де­ка и јас и си­те со­ра­бот­ни­ци на „Те­а­тар 007“, има­ме до­вол­но енер­ги­ја да ра­бо­ти­ме, да соз­да­ва­ме кре­а­тив­ни де­ла за­тоа што про­це­си­те на ра­бо­та, без раз­ли­ка да­ли е прет­ста­ва, на­ста­ва во учи­ли­ште­то или ор­га­ни­зи­ра­ње на фе­сти­ва­лот, не са­мо ме­не, ту­ку и дру­ги­те ко­ле­ги нѐ хра­нат со по­зи­тив­на енер­ги­ја.

 

Кол­ку те­а­три од странс­тво ќе го­сту­ва­ат го­ди­на­ва на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та и што би изд­во­и­ле ка­ко Ваш фа­во­рит?
Ко­стиќ: Неб­ла­го­дар­но ми е да изд­во­јам фа­во­рит, иа­ко имам не­кол­ку. Од ше­сте го­сту­вач­ки те­а­три што го­ди­на­ва ќе учес­тву­ва­ат на ос­мо­то из­да­ние на „Ли­ца без ма­ски“, сме­там де­ка жи­ри­то ќе има, на­ви­сти­на, те­шка за­да­ча за да ги до­де­ли на­гра­ди­те. Оста­ну­ва­ме до­стој­ни, ка­ко и во из­ми­на­ти­те го­ди­ни, жи­ри­то да си го до­не­се су­дот за на­гра­ди­те. А ко­му ќе му при­пад­не ед­на од три­те на­гра­ди и тоа: Гранд-при за нај­до­бра прет­ста­ва, на­гра­да­та за нај­до­бра ре­жи­ја или на­гра­да­та за нај­до­бро актер­ско ос­тва­ру­ва­ње, ќе доз­на­е­ме на пос­лед­на­та фе­сти­вал­ска ве­чер, на 21 април, во 22 ча­сот, на „Ма­ла­та сце­на“ во Кон­грес­ни­от цен­тар „Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски“.

 

(Разговараше: Невена Поповска
Текст објавен во 137. број на неделникот „Република“, 17.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top