Емигрантите што настрадаа во несреќата што се случи синоќа на пругата Велес – Скопје се дел од група илегалци што дошле во Македонија од Сомалија и од Авганистан.
Информациите за нивното потекло ги дале друга група од десетина мигранти кои се приближиле до местото каде што се правел увид на несреќата. Според нивното сведоштво, и тие биле дел од поголемата група што се движела по пругата за време на несреќата, кои кога го слушнале звучниот сигнал скокнале од пругата на околниот простор.
– Според машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334, кој сообраќа на релација Гевгелија – Белград, движејќи се во правец кон Скопје, по изминувањето на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на 50-100 метри пред возот, забележале поголема група, која имала повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата. Во тој момент машиновозачот презел дејство на интензивно сопирање на возот и вклучил звучен сигнал, при што дел од лицата што се наоѓале на пругата избегале, додека, пак, дел од нив останале и поради неможноста на толку кусо растојание возот да сопре, удрил во нив, при што некои се прегазени. На растојание од 100 до 150 метри од ударот возот запрел и веќе е онеспособен за натамошно движење поради оштетувањата настанати од несреќата – стои во соопштението од ОЈО Велес.
Фотографот на „Република“ беше на местото на несреќата. Фотографиите во продолжение се со вознемирувачки карактер.
Фото: Ѓ.Личовски
(ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст