| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимен повик за поставена бомба бил причина за евакуација на скопскиот аеродром

Специјални тимови на полицијата веќе се на аеродромот, а сите летови се привремено одложени, пишува „МКД.мк“

Имено, денеска во 14.07 часот, од нерегистриран странски број аеродромот добил повик од машко лице, кое рекло: „Аеродром Скопје – бомба. Аеродром Охрид – алерт, алерт“ и ја прекинало врската.

Екипите за антитероризам се на аеродромот и ги преземаат неопходните мерки.

Во текот на викендов на скопскиот и на охридскиот аеродром беа најавени голем број чартер-летови. Меѓутоа, само 10 од нив ја имале исполнето неопходната процедура за вакви вонредни летови, па повеќето барања биле одбиени.

Инаку, некои членови на ДУИ за време на политичката кампања во повеќе наврати изјавија дека за локалните избори се организирани чартер-авиони и автобуси со албанската дијаспора од европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top