| четврток, 6 декември 2018 |

Решение за проблемот: Како на „Фејсбук“ да ја прочитате пораката, а испраќачот да не го види тоа

Поголемиот број корисници на „Фејсбук“ ќе се согласат со фактот дека најпопуларната социјална мрежа значително ги отежнува животите со воведувањето на опцијата ‘Seen’.

Претходно лесно можеа да се „прошверцуваат“ со изговорот „не видов“, иако ја прочитал пораката.

1_814392S0

Сигурно и самите некогаш сте се нашле во ситуација пораката на „Фејсбук“ намерно да не ја отворате за испраќачот да не забележи дека сте ја прочитале пораката. ‘Seen’ ги искомплицира работите и повеќе не постојат оправдувања за неодговарањето. Но, за среќа постои решение. Програмерите осмислија надградба на интернетскиот пребарувач на „Гугл“, (Google), „Хром“ (Chrome) кој се вика Facebook Unseen.

Еве како во неколку чекори ќе можете да ја прочитате пораката, а личноста што ја испратила нема да може да  види дека сте ја прочитале.

1. Реземете ја  Facebook Unseen надградбата за Хром (Chrome).

1_814380S0

2. Вклучете ја надградбата.

ezgif_com-resize_814383S0

3. Средете ги опциите за надградба како што ви одговара.

3_814386S0

4. Проверете дали работи и уживајте во анонимноста.

4_814389S0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top