Најмалку 14 емигранти загинале во тешката железничка несреќа што се случила доцна синоќа на пругата Скопје- Велес, во близина на железничката станица Пчиња, јави „Телеграф“. Според последните сознанија, на пругата имало група од 50 емигранти во мигот кога наишол возот. Несреќата се случила во непристапен предел до кој се доаѓа само по железнички пат, па се претпоставува дека тоа е причината поради која мигрантите немале можност да побегнат.
Непристапноста на теренот ја отежнува и работата на спасувачките екипи.
Полициски екипи и јавен обвинител заминале на терен со помош на возило од македонски железници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.